logo

 

Флекси-Пак

Флекси пак е формирана во 2008 година како фирма чија цел е да ги испочитува барањата на пазарот за висок квалитет, точност и професионалност во извршувањетона обврските и принципите кои ги имаме поставено како наша цел, а тоа е достапност, флексибилност и професионалност во работата

 

 

добредојдовте

Шеќерчиња

Шекерче  во форма на стапче

 

Пакувањето на шекерче во форма на стапче ви овозможува на мал простор да се смести вашето лого или името на вашиот бренд а  воедно  визуелниот ефект да биде максимално достапен.Хартијата во која се пакува шекерот  е најквалитетна што може моментално да се најде на Македонскиот пазар и е двострано заштитена.Се одликува со висок сјај и надополнето со   висок квалитет на  печатење се добива производ од висока категорија.Печатењето на хартијата може  да се изведе во  3-4 бои  во зависност од вашето решение за изгледот на  крајниот производ.Транспортните пакувања можат да бидат  со тежина од 5 или 10 килограми во зависност од вашите потреби.Обврските околу целиот  припремен  дел за  изработката на полимери, печатење на хартијата,и испорака на производот се наши.Ваше е само да ни го доставите урнекот како би сакале да изгледа шекерчето.

Шекерче  во форма на коцка

Шекерчето во форма на коцка е идеален начин за рекламирање на вашиот бренд  или вашата фирма .Обликот и димензиите кој ги има  нашиот производ целосно овозможува во тој простор да се најдат поголем број на информации  и визуелно да бидат максимално достапни. Хартијата  во која се пакува шекерот  е високо квалитетна ,сјајна и двострано заштитена  со  Италијанско потекло. Во соработка со реномирани домашни фирми печатењето  на хартијата е на високо ниво  со можност за печатење  во три бои или максимално до шест бои кое може да се изведе на ваше  барање. Транспортните пакувања на шекерчињата   се од 5кг.или од 10кг,во зависност од вашите потреби.Самиот припремен дел  за печатење ,изработка на полимери, филмови и печатење и пакување се наша обврска.Ваше е само да ни ја предадете вашата замисла за изгледот  на производот.

чепкалки

 

Чепкалки за заби

Чепкалките за заби кој ги изработуваме  се со највисок можен  квалитет  како од здраствена така и од еколошка страна бидејки се спакувани во првокласна Италијанска хартија ,која не дозволува надворешните  влијанија да влијаат на карактеристиките  на чепкалката.Можноста  за печатење е предност повеќе да може  вашето лого  да биде насекаде присутно.Печатењето може да биде по ваша  желба и во две бои од двете страни отпечатено при што отпечатеното е со висок квалитет.Пакувањата се по 10.000 парчиња за отпечатени чепкалки ,а за спакувани чепкалки во транспарента  непечатена  фолија пакувањата се по договор.За сите дополнителни информации ве молиме да не контактирате

 

 

 

 

Пластични мешалки за кафе

 

 

Дозволете да ви ги понудиме пластичните мешалки   за кафе  кој се единствени во Македонија  со облик и што е уште поважно не се изработени од рециклирана пластика туку од пластика која е атестирана за прехрамбена употреба  и е максимално ефектна и безбедна  за разлика од многуте кој се нудат кај нас со сомнителен квалитет.Засега сме во можност да ви ги понудиме само во рефус  пакување односно  спакувани по 500 парчиња .Во соработката со докажани Македонски фирми во производството на пластични лажички можеме да ви гарантираме постојан квалитет и навремени испораки.

 

 

мешалки

контакт

075-267-615           toni@fleksi-pak.com.mk

077-570-687      natasa@fleksi-pak.com.mk

077-573-480      


 

Тони:
Наташа:
Боби:

 

Name  
E-mail  
Subject  
Message  

Контакт

Локација